„На модернизираната варијанта на хеликоптерот Ми-24П е интегриран современ унифициран пилотажен напаѓачко-навигациски комплекс, оптоелектронски систем за детекција и нишанење, опциски радар со АФАР (активна фазирана антенска решетка), современ систем за автопилот, електронски систем за заштита, како и нов систем за снабдување со електрична енергија. Масата на празниот хеликоптер, во зависност од одбраниот пакет дополнителна опрема, е намалена за 430 килограми“, напомнуваат од државната корпорација „Ростех“, пренесува интернет-порталот ТАСС.
Благодарение на новите блокови на електронски компоненти вградени во овој хеликоптер, подобрена се неговата борбена жилавост и огнената моќ. „Новата модификација што ја носи ознаката Ми-24П-1М е креирана во соработка со нашите холдинг-компании „Хеликоптери на Русија“ и КРЕТ (КРЭТ). Таа има унапредени технички и борбени карактеристики, што е особено интересно за нејзините потенцијални клиенти“, рече Анатолиј Сердјуков, директор на индустрискиот воздухопловен кластер во концернот „Ростех“.
Борбено-транспортниот хеликоптер Ми-24П е наменет за извршување широк спектар задачи од кои најважните се борба против непријателска оклопна техника и огнена поддршка на единиците копнената војска. Една од најважните способности на најновата модификација на Ми-24П-1М е можноста за транспорт на десантна пешадија со комплетното вооружување, потоа брзо извлекување и транспорт на ранети војници, како и дополнителен товар во кабината, но и на неговите надворешни носачи.
Од „Ростех“ нагласија дека Ми-24П-1М е резултат на заедничката работа на холдингот „Хеликоптери на Русија“ и концернот КРЭТ, кои се наоѓаат во состав на државната корпорација.
Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019 се одржува од 27.08-01.09 во градот Жуковски, кој се наоѓа недалеку од Москва. Организатори на овој настан се руското Министерство за одбрана и државната корпорација „Ростех“. На саемот ќе учествуваат 827 компании од 33 земји, од кои 184 ќе бидат од странство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче