„Министерството за одбрана ги одобри сите технички барања што треба да ги има еден ваков авион. Работите над неговата изградба ќе ги преземе воздухопловната компанија „Туполев“ во тесна координација со останатите подизведувачи “, изјави првиот човек на Министерството за индустрија и трговија Денис Мантуров за интернет-порталот „Интерфакс“.
Новиот бомбардер-ракетоносец ќе ги замени бомбардерите на стратешката авијација, како што се Ту-22М, Ту-95 и Ту-160. ПАК ДА е проектиран врз основа на аеродинамична шема „летачко крило“ со максимална употреба на стелт-технологија, која ќе му овозможи да биде невидлив за непријателските радари. Станува збор за субсонично летало, со основна задача да го внесе авионот во простор од каде безбедно ќе се лансира ракета која ќе поседува елементи на вештачка интелигенција. Во зависност од тактичката ситуација, ракетата за време на летот самостојно ќе го одредува својот правец и формата на маршрутата до дестинацијата, пренесува интернет-порталот РГ.
Погонот за бомбардерите од новата генерација ПАК ДА ќе го направи Обединетата корпорација за производство на авионски мотори. Според изворите кои можат да се прочитаат во медиумите, станува збор за мотор што ќе обезбеди потисок од 23 тони.
Тестирањата на ракетоносецот ќе бидат реализирани во подмосковската база на „Туполев“ која се налази во Жуковски. Неодамна првиот човек на ПАО „Туполев“ Александар Коњухов соопшти дека завршувањето на работите над прототипот на ова летало се очекуваат до крајот на 2022 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче