Саемот го посети и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Планирано е по посетата на изложбените павилјони, шефовите на двете држави да ги разгледаат можностите за соработка во военотехничката сфера, како и низа меѓународни теми, меѓу другото, и ситуацијата во сириската провинција Идлиб и ситуацијата во Украина, пренесува РИА „Новости”.
Рускиот претседател истакна дека повеќе од една четвртина век, меѓународниот саем на воздухопловството ги запознава експертите од оваа област со најновите достигнувања на научниците, инженерите и конструкторите од областа на цивилната, воената и сообраќајната аерокосмичка индустрија.
„И, се разбира, МАКС е секогаш голем, долгоочекуван настан за бројните љубители на авијацијата. Запазените, импресивни настапи на пробните пилоти и акробатските пилотски групи го претвораат саемот за воздухопловство во незаборавен празник“, додаде Путин.
Тој исто така истакна дека новитетите презентирани на овој саем „сведочат за фактот дека аерокосмичката индустрија во Русија самоуверено се развива и дека, чувајќи ја најдобрата традиција на националната конструкторска школа, храбро воведува современи технологии“.
„Она што не се менува е квалитетот, сигурноста и безбедноста на воздухопловната техника“, додаде рускиот претседател.
Путин изрази уверување дека МАКС-2019 ќе придонесе за зајакнување на иновативниот потенцијал на руската аерокосмичка индустрија, а исто така ќе ја унапреди соработката со странските партнери и ќе придонесе за реализација на перспективните проекти.
14 меѓународен аерокосмички саем „МАКС-2019“, на кој ќе учествуваат над 800 компании од целиот свет, се отвора во вторник, 27 август во градот Жуковски и ќе трае до недела. Првите три дена саемот ќе биде отворен за стручњаци и деловни претставници, а од петок до недела ќе можат да го посетат сите заинтересирани. Изложбата е поставена на површина од 26,5 илјади квадратни метри во павилјони и 45 илјади квадратни метри на отворено.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче