Најновиот руски авион со тесен труп МС-21 учествуваше во вторникот, 26 август, во програмата на аерокосмичкиот саем МАКС-2019, пренесува дописникот на ТАСС. Летот траеше околу пет минути.
Патничкиот авион првпат полета пред многубројна публика. Претходно, пробните модели на МС-21 вршеа само пробни летови или летови за префрлување на авионите на други локации.
Како што соопшти производителот на авионот, компанијата „Иркут”, авионот летал со брзина до 400 км/ч на висина до илјада метри.
Оваа година на саемот на воздухопловство во Жуковски кај Москва ќе бидат претставени три авиона МС-21. Еден од нив ќе го прикаже и уредениот внатрешен простор за патниците.
МС-21 е авион за летови на средна должина. Предвидени се две верзии: МС-21-200 (со 132 до 165 седишта) и МС-21-300 (со 163 до 211 седишта). Авионот првпат полета при крајот на 2017 година.
Сериското производство на МС-21 би требало да започне во 2021 година. Денес, три авиони се тестираат во воздух, а уште четири се тестираат на земја. Еден од главните нарачатели на авионот ќе биде руската авиокомпанија „Аерофлот“. Таа веќе има потпишано договор за набавка на 50 вакви авиони, а се работи на договор за уште 35 летала.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче