Видео: Рускиот пандан на „Боинг 737“ и „Ербас А320“ полетува

Вториот авион од серијата MC-21 го реализираше првиот лет, кој траеше 1 час и 7 минути.

Вториот руски пробен авион MC-21-300 се вивна во облаците откако полета од аеродромот во Авијацискиот завод во Иркутск на 12 мај. Првиот лет на авионот траеше еден час и седум минути на висина од 3000 метри додека патуваше со брзина до 400 км/ч.

Стабилноста на авионот, фукционирањето на механизацијата на крилата и опремата за слетување беа тестирани во текот на летот. Беше анализирана и опремата на леталото. Според пробниот пилот Василиј Севастјанов, сè се одвиваше според планираното.

Министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров изјави  дека уште три други авиони MC-21-300 ќе се тестираат на 14 мај – два ќе летаат, а третиот ќе биде подложен на статични проверки. Тој, исто така, рече дека Иркутскскиот Авијациски завод гради уште три авиони.

Фамилијата MC-21 е составена од авиони со краток и среден труп кои треба да ги заменат авионите „Туполев“ Ту-134 и Ту-154. MC-21 има опсег на летање од 6400 километри и ќе може да носи 211 патници, што го прави директен ривал на различните модификации на авионите „Боинг 737“ и „Ербас А320“.

Првиот пробен лет на авионот MC-21 беше изведен во мај 2017 година. Во февруари оваа година „Аерофлот“ потпиша договор за набавка на вакви 50 авиони.

Прочитајте повеќе: Патничкиот авион МС-21 ќе добие руски мотор во 2019 година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња