„Овој бетон не пука, не пропушта вода, стабилен е на студенило и е прилагоден на условите за изградба на Далечниот Исток и во услови на крајниот север... Марката на цврстина на новиот бетон (индикатор добиен со тестирање на бетон 28 дена по излевањето) е поголема за 2,7-3,3 пати во споредба со обичните бетонски мешавини од аналоген состав. Неговата отпорност на студ е три пати поголема... Водонепропустливоста му е поголема повеќе од четири пати“, се вели во соопштението на универзитетот, пренесува РИА „Новости”.
Според научниците, новиот бетон е поеколошки безбеден од обичниот бетон. Притоа при бетонирање не е потребен хидротермална обработка. Потрошувачката на енергија е намалена до 70%. Притоа технологијата на производство на овој бетон може да се примени и во фабриките со минимални трошоци.
Претседателот на Русија Владимир Путин во април изјави дека Арктикот има богати ресурси кои треба да се искористат за доброто на жителите на Земјата.