Полета „Форпост-Р“: Санкциите немоќни кога е во прашање производството на најсложени дронови

Беспилотно летало “Форпост“ (Searcher Mk II)

Беспилотно летало “Форпост“ (Searcher Mk II)

Слободан Ѓукиќ
Руското Министерство за одбрана го прикажа првиот лет на извидувачкото беспилотно летало „Форпост-Р“. Ова летало е комплетно произведено во Русија, со што е неутрализирана досегашната зависност од одделни компоненти што се увезуваа од Запад. За овој многу важен настан зборуваа и руски воени експерти.

Од воениот ресор потсетија дека леталото претставува сериозна модификација на беспилотниот комплекс „Форпост“ (се работи за копија на израелското беспилотно летало IAI Searcher Mk II за кое е купена лиценца).

„Беспилотното летало„ Форпост-Р “е целосно произведено во Русија. На него е монтирана современа радиоелектронска опрема, комуникациски уреди, комплекс за контрола од земјата и софтвер од руско производство. Исто така, ова летало е опремено и со целосно нов мотор од домашно производство АПД-85“, велат од информативната служба на Министерството за одбрана на РФ, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Модернизираното беспилотно летало тежи 500 килограми. Неговата автономија на лет изнесува 18 ч. „Форпост-Р“ може да се искачи до 6000 метри во висина. Треба да се потенцира дека неговото сериско производство и испораката во единиците на руската армија може да се очекува веќе наредната година.

Воениот експерт Дмитриј Литовкин го коментираше ова соопштение на руското Министерство за одбрана во програмата на радиото „Спутник“:

„Беспилотната авијација во денешно време во значителна мера го одредува натамошниот развој на вооружените сили, бидејќи со нивна помош можат да се изведуваат операции за извидување, наведување на огнот, но и ударни дејствија. Од особено значење овде е фактот дека леталото е во целост комплетирано во Русија. Тоа значи дека ни пошло од рака да ги произведеме виталните делови на леталото кои се набавени од запад и на тој начин да го анулираме дејството на санкциите“, рече Литовкин.

Рускиот воен експерт уште еднаш го потенцираше напорот на руската воена индустрија да го насочи своето внимание во сферата на развој и производство на беспилотни летала кон сопствените сили:

„Ова летало е целосно комплетирано во Русија. Тоа значи дека нашата воена индустрија овладеела со технологијата за изработка на мотори за беспилотни воздушни летала, потоа со сложените комплети на радиоелектронска апаратура кои се вградуваат на леталото, што е големо достигнување. Денес добивме стабилна технолошка база за понатамошен развој и производство на овие апарати. И сега е веќе извесно дека во перспектива може да се појави трета, па и четврта верзија на леталото „Форпост“, која ќе биде значително подобра од својот претходник“, заклучи на крај Дмитриј Литовкин.

Прочитајте повеќе: Руски експерти за дронот „Алтиус-У“: Ќе добиеме летало со кое ќе можат да управуваат сателитите

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња