Руски експерти за дронот „Алтиус-У“: Ќе добиеме летало со кое ќе можат да управуваат сателитите

Министерство за одбрана на РФ
Воениот експерт и полковник во пензија Виктор Литовкин го коментираше за RT првото полетување на руското беспилотно летало „Алтиус-У“, како и што конкретно значи ова летало за оперативните борбени способности на руската армија.

„Многу е важно да се види дека нашата војска успешно тестира вакви типови борбена техника. Тоа ќе им обезбеди на нашите ударни и извиднички беспилотни летала во нивните мисии да летаат не само неколку часа, туку цел ден. Ова ќе овозможи да се помине растојание  и до 5 илјади километри, со можност за употреба на најсовремени модели на воздухопловна техника, составена од радиоелектронски и комуникациски уреди, што обезбедува собирање детални информации во реално време. На овој начин, нашата команда ќе носи поквалитетни одлуки при изборот на најоптималното оружје за елиминација на детектираните цели“, напомена Литовкин.

Експертот потсети дека современите беспилотни воздушни возила се поврзани во единствен комуникациски систем заедно со ударните системи вооружувањето кои се наоѓаат на земја или во воздух. На тој начин се овозможува комплексна примена на соодветното вооружување, врз основа на информациите кои доаѓаат од извидувачките беспилотни летала.

„Во исто време, овие типови на беспилотни летала ќе можат да носат сопствено вооружување (ударни можности), кое ќе се наоѓа на поткрилните носачи, исто како и кај авионите. Така, на овој начин операторот што управува со ова летало ќе може да изведе директен напад што го забрзува целиот процес. Ова укажува на тоа дека нашата војска усвојува најсовремени системи за борбена поддршка, кои ги поседуваат и нашите веројатни противници. Нашата армија по ништо не е поинфериорна од потенцијалниот противник кога зборуваме за овие системи“, заклучи експертот.

Денеска беше реализиран првиот лет на беспилотното летало „Алтиус-У“. Во целосно автоматски режим, беспилотното летало го направи првиот прв пробен лет од пистата, се искачи на 800 метри во висина и по 32 минути лет слета на аеродромот од кој беше тестирано. Според руското Министерство за одбрана, ова беспилотно летало е способно да извршува широк спектар на задачи за извидување, користејќи оптички, радиотехнички и радиолокациски средства за набљудување.

Станува збор за дрон тежок 6000 килограми, со исклучително голем радиус на дејствување. Поради екстремно продолжената автономија на летот и долетот, со овој дрон ќе се управува и преку сателитски канал.

Прочитајте повеќе: Какви офанзивни беспилотни летала ќе се појават во руската војска следната деценија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња