Радарите од руско производство одиграа важна улога во развојот на технологијата, пишува кинеската агенција Sina. Имено, САД први почнаа да произведуваат авиони користејќи „стелт“ технологија, тако што целиот свет беше изненаден од појавата на летала како што се F-117A, B-2 и F-22.
Американците ги трасираа тенденциите за развој на вооружувањето и начинот на војување, констатираат Кинезите, додавајќи дека Русија и другите земји уште одамна почнале да прават средства за спречување на американските невидливи авиони. Првиот пример за ваква опрема беше радарот на со метарски дијапазон за откривање на „стелтови“, според Sina, тврдејќи дека Американците знаеле за руските радари и дека поради тоа презеле соодветни мерки.
Познатата „Област 51“ на брегот на езерото Грум Лејк во Невада е позната по својата мистериозност. Тука Американците се обидуваат да најдат лек за руските радари. Во близина на северната капија имаат специјална локација за „процена на странска опрема“ (foreign materiel evaluation, FME), каде што тие исто така држат и руски радарски системи што ги набавуваат „по разумна цена “ или ги „собираат како трофеи“ по светот, пишува кинеската информативна агенција.
Радарите направени од Русите одиграа важна улога во развојот на американските технологии применети во пробниот модел на авионот Lockheed Have Blue, во авионот F-117, во крстосувачките ракети Senior Prom и другите модели на „невидливи“ авиони и ракети, како и во мерењето на ефикасната површина на објектите, електронското војување и техниката за сузбивање на ПВО.
Американската армија најави во септември 2018 година дека ќе купи од Украина радар 36Д6М1-1 што се користи во рускиот ракетен систем С-300. Во јануари 2019 година украински транспортен авион Ил-76 слета на меѓународниот аеродром во Солт Лејк Сити (Јута). Го растоварија припадници на Националната гарда на американското воено воздухопловство. Се претпоставува дека тоа биле радарски системи.
Кинезите посочуваат дека радарите кои пристигнуваат во Америка од Украина и други земји се направени во СССР, а во 21 век руската електронска индустрија значително напредуваше, така што радарскиот систем од нова генерација „Небо М“ постепено се интегрира во противвоздухопловниот систем за рано откривање цели, што значи дека Америка нема лесно да дојде до најновите руски проекти поврзани со откривање „невидливи“ летала.
Веднаш штом ги тестираат руските радари, Американците ги расклопуваат за понатамошно проучување или ги поставуваат на вежбовни полигони како што е Кинеското езеро (China Lake), каде што потоа ги гаѓаат со противрадарски ракети AGM-88 HARМ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче