Непознатиот митралез „Силин-Перерушев“ ТКБ-464 (ВИДЕО)

Скриншот
На видеоснимката е прикажан раритет - рачниот митралез ТКБ-464. Се работи за уникатно стрелечко оружје чии творци се конструкторите од Тула Вјачеслав Силин и Виктор Перерушев.

„ТКБ-464 во 1956 година учествуваше на конкурсот за единствен митралез кој требаше да ги замени митралезот на Горјунов со постолје (СГМ) и рачниот митралез РП-46, но беше одбиен поради попречното пукање на чаурите при стрелба“, соопшти од концернот „Калашников“ историчарот на стрелечко оружје Андреј Уланов.

Работата е во тоа што при конструирањето на митралезот ТКБ-464, неговите творци решија да се фокусираат на елементи од митралезот „Горјунов СГ-43“, кој веќе беше во арсеналот на советската армија. Конструкторите претпоставуваа дека таквото решение може позитивно да влијае врз комисијата, бидејќи стануваше збор за митралез чие производство веќе беше разработено. За жал, митралезот ТКБ-464 беше одбиен поради пукањето на чаурите 7,62х54 мм при вовлекувањето на реденикот. Токму тој недостаток поради големата брзина на механизмот и „долгиот“ асиметричен механизам за затворање на цевката го имаше и СГМ, кој служеше како модел за конструкторите и на кој е заснована конструкцијата на моделот ТКБ-464.

На крај инженерите се посветија на изработката на други системи на оружје. На пример, под раководство на Вјачеслав Силин во 1961-1966 година е изработено полуавтоматското орудие 2A28 „Гром“ со мазна цевка и калибар 73 мм. Овој топ стана речиси универзален и е применет во десетина модели воена техника.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња