На форумот „Армија 2019“ покажан единствениот советски двоцевен автомат АО-32 (ВИДЕО)

Скриншот
Ова оружје во 1965 година го направиja советските конструктори. Автомат не е пуштен во сериско производство.

Централниот научноистражувачки институт за прецизно машинство (дел од корпорацијата „Ростех“) го демонстрираше на форумот „Армија 2019“ двоцевниот автомат АО-32, направен 1965 година.

Автоматот има еден носач на затворачот и еден затворач за двете цевки. Се пука истовремено од двете цевки. Главната одлика на ова оружје е подобрената густина на огнот од различни положби, а голем недостаток е зголемената тежина.

„Го држам во рацете проектот на експерименталниот двоцевен автомат кој 1965 година го направија конструкторите Ткачов и Симонов. Тогаш се барани конструктивни решенија кои овозможуваат да се подобри густината на огнот од автоматско оружје во нестабилна положба, т.е. од рака во стоечки и лежечки став. Со помош на оваа шема е постигната поголема густина на огнот“, изјави за телевизијата „Ѕвезда“ конструкторот на Централниот научноистражувачки института за прецизно машинство Александар Гридин.

Автоматот е направен во еден примерок и не е пуштен во сериско производство.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња