Су-57 на натпреварот „Авиадартс-2019“ ќе им пружи ловечка заштита на бомбардерите Ту-22М3 и Су-34

Евгениј Бијатов/Sputnik
Повеќенаменските ловечки авиони од петтата генерација Су-57 првпат ќе земат учество во изведувањето тактички елементи на натпреварот „Авиадартс-2019“ што се одржува во рамките на Армиските меѓународни игри, соопшти медиумската служба која го покрива овој настан.

„Првпат јавно ќе бидат прикажани тактички елементи на воздушна борба во кои ќе учествуваат авиони од петтата генерација Су-57, кои ќе имаат улога на непосредна ловечка заштита на авионите на ударната авијација“, пренесува интернет-порталот ТАСС.

Су-57 ќе учествува на двочасовниот тактички приказ „Авиамикс“. По тој повод, на публиката ќе ѝ бидат прикажани летечко-техничките и борбените можности на ангажираните авиони, вклучувајќи ги модерните, но и перспективните модели.

Заедно со ловците Су-57 на „Авиамикс“ ќе учествуваат и авиони Су-35С, Су-30СМ, Су-34, Ту-22М3, Су-25СМ3 работат како и ударни хеликоптери Ми-28Н и Ка-52.

„Гледачите ќе можат да видат блиска воздушна борба меѓу авиони Су-35С, масивен удар по копнени цели со употреба на бомбардери Ту-22М3 и Су-34, елементи на воздушна поддршка со примена на модернизирани јуришници Су-25СМ3, изведување тактички десант на специјалните сили со воено-транспортни хеликоптери кои ги покрива група ударни хеликоптери Ми-28Н и Ка-52, соопштија во вторникот организаторите на Меѓународните армиски игри, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Покрај тоа, гледачите ќе можат да видат и дејство на ударно хеликоптерско одделение Ми-28Н врз копнени цели на непријателот на големи далечини со употреба на наведувани ракети од класата „воздух-земја“. Тешките воено-транспортни хеликоптери Ми-26 ќе ги демонстрираат способностите за гаснење на пожари, додека воено-транспортните авиони Ил-76 ќе извршат прецизно десантирање на товар.

Вкупно ќе бидат ангажирани повеќе од 50 пилотски екипажи од составот на оперативно-тактичката, армиската, стратешката и воено-транспортната авијација.

Покрај нив ќе ги видиме и акробатските групи „Руски витези“, „Стрижи“, „Соколи на Русија“ и „Беркути“. Во рамките на натпреварот „Авиадартс-2018“ ќе учествуваат екипи од Кина, Белорусија, Казахстан и Русија.

Прочитајте повеќе: Су-57 ќе стане „Громовник“: Русите претставија нова генерација високопрецизна муниција „воздух-земја“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња