Корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ (рус. Тактическое ракетное вооружение - КТРВ) ги откри основните тактичко-техничките карактеристики на фамилијата нови воздухопловни
наведувани убојни средства (АСП) „Гром“, која се состои од наведуваната крстосувачка ракета „Гром-Э1“ и наведуваната крстосувачка планирачка бомба „Гром-Э2“. Тестирањето на моделот на ова оружје е успешно завршено, а предвидени се и за извоз, соопшти информативната служба на корпорацијата КТРВ, пренесува интернет-порталот ТАСС.
„Тестирањето на воздухопловните убојни средства „Гром-Э1“ и „Гром-Э2“ е успешно завршено. Со овие проектили можат да бидат опремени сите типови борбени авиони, вклучувајќи ги и ловците од петтата генерација Су-57, каде можат да се закачат на лансирните и катапултирачките средства што се наоѓаат на леталата“, истакнуваат од корпорацијата.
Според соговорникот на агенцијата ТАСС, обата модела „Гром-Э1“ и „Гром-Э2“ имаат нормална аеродинамична шема и унифициран цилиндричен корпус со овален тип на нос, кој вклучува и крила на склопување. Овој вид на конструкција не е погоден само за поставување на надворешните носачи на авионот. Овие убојни средства можат да се вклопат и во внатрешните борбени отсеци на ловецот од петта генерација Су-57. Главната карактеристика на наведуваната крстосувача ракета „Гром-Э1“ е ракетниот мотор поставен во опашката на ракетата, додека кај планирачката наведувана бомба „Гром-Э2“ наместо мотор се наоѓа дополнителна фрагментарно-разорна боева глава. И едното и другото средство се предвидени за уништување отпорни копнени цели на непријателот, со утврдени координати.
„Гром-Э1“ може да се употреби против копнени цели на далечини од 10-120 километри. Висината на летот на авионот-платформа при употребата на оваа ракета се движи од 500-12000 метри и во брзински дијапазон од 140-445 м/сек. Аголот на лансирање во однос на целта изнесува ±180 степени. Просечните брзински параметри на борбен авион што лансира ракета „Гром-Э1“ изнесуваат 300 м/сек. при што оптоварувањето не надминува 4 единици.
Системот за наведување на ракетата на целта е од комбиниран тип и обединува инерцијален навигациски систем со корекција на траекторијата со помош на сателитски сигнал GPS/ГЛОНАСС.
Стартната маса на ракетата „Гром-Э1“ изнесува 594 килограми, нејзината должина е 4,2 метри, калибарот 310 мм и распонот на крилата 1,9 метри. Фрагментарно-разорната боева глава со маса од 315 кг се наоѓа во предната половина на ракетата и е опремена со контактна запалка. На погонот отпаѓаат 161 кг, кој се состои од стартен и ракетен мотор на цврсто гориво.
Планирачката наведувана воздухопловна бомба авионите „Гром-Э2“ е малку потешка од ракетата (598 кг), додека според другите габарити е потполно иста со ракетата „Гром-Э1“. Отсуството на ракетен мотор доведе до значително зголемување на експлозивниот полнеж што го носи „Гром-Э2“, а кој достигнува тежина од респектабилни 480 кг.
Двете фрагментарно-разорни боеви глави се распоредени во предниот и задниот дел на корпусот на бомбата и имаат индивидуална маса од 315 кг и 165 кг соодветно. И двете боеви глави се опремени со контактни запалки. „Гром-Э2“ може да се употреби за гаѓање копнени цели на далечина од 10-50 км. Авионот што ја употребува бомбата може да се движи на висина помеѓу 500-12000 метри и со брзина од 140-445 м/с. Системот за наведување е ист како кај ракетата „Гром-Э1“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче