Западните медиуми го оценија првото полетување на тешкиот ударен дрон „Охотник“

Youtube
Во западните медиуми кои се занимаваат со воена проблематика големо внимание привлече првото официјално полетување на рускиот тежок дрон „Охотник“. Првите процени се дека се работи за летало кое ќе има екстремно ниско ниво на радарска видливост кое ќе биде „набиено“ со моќни средства за противелектронска борба.

Новиот проект на руската воена индустрија го коментираа неколку западни медиуми што се занимаваат со воена тематика. Така Мilitary Watch Magazine напиша дека станува збор за тежок беспилотен ударен дрон кој, исто како и ловецот од петтата генерација Су-57, е развиен по распадот на СССР. Во материјалот се наведува дека „Охотник“ е дизајниран за широк спектар на задачи, потенцирајќи дека овој дрон ќе има многу важна тактичка функција во пар со ловците Су-57. Беспилотниот дрон ќе може длабоко да влегува во воздушниот простор на противникот и да реализира класични ловечки задачи, но и да извршува удари по копнени цели. Притоа се нагласува дека засега не е познато со кои убојни средства напис ќе биде вооружен „Охотник“, пренесува интернет-порталот РГ.

„Русија планира во следните фази на модернизацијата да ги унапреди ловците Су-57 во авиони од шеста генерација, каде содејството со дроновите како што е „Охотник“ ќе биде една од клучните тактички способности кои треба да обезбедат значајна предност во воздушниот бој над конкурентните платформи“, пишува Мilitary Watch.

The Drive го анализираше видеоматеријалот направен при полетувањето на ударниот дрон „Охотник“ што го објави руското Министерство за одбрана. Тие обрнаа внимание на новата маскирна шема што е на неговото тело. „Останува нејасно дали тоа означува дека полетало летало кое има унапреден дизајн или дури се работи за нов прототип, што се разликува од дронот што беше фотографиран во јануари“, се прашува авторот на оваа публикација. Тој забележува дека на видеоматеријалот можат да се видат два сензора на предниот дел на леталото.

Интернет-порталот Аrmy Recognition додава дека новиот руски дрон се разликува од американскиот „Предатор“ затоа што е направен со употреба на „стелт“ технологија и кој веројатно има моќни средства за противелектронска борба. Исто така, во текстот се опишува стратегијата на руските беспилотни летала кои ќе дејствуваат во група. Посебен акцент е ставен на нивната меѓусебна размена на податоци која ќе се врши по пат на заштитен канал за врска, што значително ќе го олесни управувањето со дроновите во услови на вооружен конфликт со технолошки развиен противник.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња