МО на РФ ја објави првата видеоснимка од летот на тешкиот ударен дрон „Охотник“

twitter.com/mod_russia

На профилот на „Твитер“ на Министерството за одбрана на Руската Федерација е објавена првата видеоснимка од летот на тешкиот ударен дрон со невидливи „стелт“ карактеристики С-70 „Охотник“. На видеото се гледа како леталото полетува и слетува на аеродром во воздушните сили на Русија.

Дронот е конструиран според аеродинамичкиот концепт на „летечко крило“ со употреба на стелт технологија. Неговите димензии се импозантни. Распонот на крилјата е 19 метри, што е за неколку метри повеќе отколку кај ловецот-бомбардер Су-34. Должината на леталото изнесува 14 метри. Неговата полетна маса достигнува 25 тони, од кои 2800 кг отпаѓаат на убоен товар.

Повеќе за дронот „Охотник“: Ударен тандем: Ловецот од петта генерација Су-57 и тешкиот дрон „Охотник“ ќе делуваат во содејство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња