Ударен тандем: Ловецот од петта генерација Су-57 и тешкиот дрон „Охотник“ ќе делуваат во содејство

Слободан Ѓукиќ
Тешкиот ударен дрон „Охотник“ е наменет за операции за пробивање на непријателската ПВО во содејство со ловецот од петта генерација Су-57.

„Претпоставката е дека „Охотник“ може да работи во врска со ловецот Су-57. Поточно, една од задачите на беспилотниот ударен дрон е пробој на непријателската ПВО, зад кој летаат борбени авиони со кои управуваат пилоти“, рече неименуван извор од руската воена индустрија, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.

Имено, во перспектива се очекува формирање на тактичка група која ќе ја сочинуваат еден Су-57 и 3-4 „Охотника“ кои меѓусебно ќе бидат вмрежени. Пилотот во авионот Су-57 ќе може далечински да управува со „Охотникот“, создавајќи максимални услови за успешно содејство.

С-70 „Охотник“ според процените ќе достигнува маса од 20 тони, што е, на пример, што е двојно повеќе од тактичкиот ловец од четвртата генерација МиГ-29. Ќе лета со супсонична брзина (до 1000 км/ч), додека неговиот максимален долет ќе изнесува 3500 км. Леталото ќе може да се искачи на висина од 10500 метри. Оттаму со високопрецизно оружје ќе може да уништува непријателски копнени цели и да врши операции на воздушно извидување.

Леталото ќе биде направено со технологија која ќе му обезбеди мала радарска рефлексивност-видливост. Основната конструкторска база за изработка на ова летало е шемата на тнр. „летечко крило“. Убојното вооружување ќе го носи во внатрешните борбени спремници, слично како кај ловците од 5 генерација. Корпусот на беспилотниот апарат ќе биде направен од  композитни материјали. Според руски извори, леталото се наоѓа во завршна фаза на тестирањата. Во овој момент се довршува процесот на интеграција на електронските компоненти и неговото конечно калибрирање.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација кој го разработија воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување на огромен спектар задачи кои можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна надмоќ над територијата на која се изведуваат активни борбени дејствија, уништување најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командната инфраструктура на непријателот итн.

Прочитајте повеќе: Од Русија пристигна изненадување: Прикажано ударното беспилотно летало С-70 „Охотник“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња