Дешифрирањето на ДНК-та на изумрени животни во денешно време не е никакво изненадување. Но, со РНК-та, работите се сосем различни. Таа молекула се распаѓа брзо и затоа е исклучително ретко да се изолира, а уште поретко да се чита (секвенцира) кога станува збор за археолошките и палеонтолошките наоди.
А РНК-та носи важни информации. ДНК-анализата покажува какви гени имало суштеството, но важно е да се дознае и кои од нив делувале, а кои „молчеле“. За да се разбере колку многу нешта зависат од тоа, доволно е да се потсетиме дека сите клетки на организмот имаат иста ДНК. Но, некои клетки се коскени, други мускулни, трети нервни итн. Оваа разновидност се одредуваа токму со тоа кои гени се активни во секоја конкретна клетка.
Функционирање на генот се состои во тоа што според неговиот „лик и облик“ се синтетизира РНК-та (а според моделот на РНК-та настанува протеинот). Затоа, сакајќи да утврдат кои гени се активни во одредени клетки, научниците ја секвенцираат РНК-та.
Во колкава мера научниците досега успеаја да анализираат вакви древни молекули? Како што тврди New Atlas, најстарата секвенцирана РНК потекнува од пченка стара 700 години. Од ткивото на познатиот леден човек Еци, кој умрел пред 5300 години, исто така е издвоена РНК-та, но нејзиното секвенцирање не успеа.
Новото истражување повеќекратно ги надмина двата рекорда. Станува збор за декодирање на РНК на волк (или куче) стара 14300 години. Се работи за декодирање на РНК на волк (или куче) старо 14300 години.
РНК-та припаѓа на таканареченото кученце Тумат. Не е познато дали ова животно било диво или припитомено.
За да се уверат дека РНК-та е правилно реконструирана, биолозите ја спроведоа истата постапка и со остатоците од волци кои умреле во 19 и 20 век. Сите три примерока имаа бројни специфични својства карактеристични за „волча“ РНК.
Овој успех покажува дека дешифрирањето на стара молекула на РНК е можно ако имаме добро сочувани остатоци. Тоа значи дека во иднина палеонтолозите може да дојдат до бројни откритија во врска со функционирањето на гените на древните животни, а можеби и на луѓето.
Ова научно достигнување е опишано во статијата објавена во списанието PLOS Biology што ја објавија научници од Данска, Русија, Белгија и Германија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче