„Рускиот С-400 е најнапредниот систем за ПВО во споредба со американските ракети Патриот, нагласи шефот на турската дипломатија во емисија на телевизијата ТЕ-ГЕ-ЕР-Те.
Тој исто така изјави дека ракетите С-400 ќе бидат поставени на борбено дежурство во Турција на почетокот од 2020 година, пренесува РИА Новости.
Покрај тоа, според Чавушоглу, Анкара е подготвена да одговори на Вашингтон доколку САД воведат санкции поради купувањето на С-400, пренесува ТАСС.
Турскиот министер исто така истакна дека САД засега ја немаат исклучено Турција од програмата Ф-35. „Претседателот на САД Доналд Трамп не го сака тоа, тој се труди да го одржи зборот кој го даде на нашиот претседател во Осака на самитот Г-20. Тој е ополномоштен да ја отфрли одлуката на конгресот“, рече Чавушоглу.
Од друга страна, во администрацијата на американскиот претседател на 17 јули беше речено дека Анкара поради купувањето руски системи С-400 не може повеќе да учествува во програмата Ф-35, и дека тоа „ќе има погубни последици“ за соработката на Турција и НАТО.
Потсетуваме дека испораката на С-400 за Турција започна на 12 јули. Тоа мораше да биде итна операција зашто наместо бродовите за транспорт беа користени авиони Ан-124 „Руслан“.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го окарактеризира С-400 како најсилен одбранбен систем на светот, а министерот за надворешни работи истакна дека С-400 не претставува опасност за НАТО.