Руски научен центар ги замислува подморниците на иднината како летечки чинии без екипаж

Скриншот

Скриншот

скриншот од YоuTube
Дизајнот на подморниците во иднина многу ќе се разликува од денес постојните модели, изјави научниот раководител на Криловскиот државен научен центар Валериј Половинкин на маргините на Меѓународниот саем на воената морнарица.

Новинарите ги интересираше дали Криловскиот  центар работи на развој на концептуални проекти на напредни подморници. Половинкин одговори дека на такви проекти се работи, додавајќи дека подморниците во иднина би можеле да личат на „летечки чинии без екипаж“.

„Подморниците на иднината ќе имаат форми суштински различни од денешните“, изјави тој, пренесува ТАСС. „Дури можеби ќе личат на летечки чинии. И, се разбира, нема да имаат екипаж“.

Според експертите, одржан е состанок на кој членовите на научниот совет ѝ дале слобода на фантазијата и меѓу себе ги споделиле мислите за иднината на подморниците.

„Стручњаците од едно од нашите одделенија предложија варијанти на сосема нови форми на трупот“, рече тој.

Половинкин, исто така, додаде дека проектите имаат за цел да ги намалат нивоата на бучава, со што ќе би обезбедила максимална незабележливост на подморниците. Според него, денешниот изглед на подморниците не може во целост да обезбеди нечујност.

„Денес светот се наоѓа на почетокот на откажувањето од традиционалниот изглед на подморниците. Ние сме дел од тој процес“, заклучува експертот. „И, се разбира, имаме некои проекти, но тие денес се сѐ уште во фаза на дефинирање“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња