Овој модул може да се интегрира на стационарни и мобилни платформи, на пример, на теренските возила УАЗ или на брзи чамци. За управување со системот „Сервал“ е потребен еден оператор кој дава команди со помош на далечинскиот управувач.
Како што соопшти РИА „Новости“, ефикасноста на уништувањето на една цел (максималната далечина) зависи од типот на стрелечкото оружје што го употребува системот „Сервал“.
Општо земено, максималната далечина на огненото дејство што се наоѓа во спецификацијата на овој систем е до 1000 метри за цел која достигнува 30 см во дијаметар и се движи со брзина од околу 130 км/час.
Покрај автоматските пушки развиени врз основа на системот „Калашников“, „Сервал“ може да се инсталира и на митралези со различен калибар. Овој систем, исто така, можат да го користат и нишанџиите на лесниот митралез „Печенег“, како и на тешките митралези (12,7 мм) „Утјос“ и „Корд“. Исто така, се нуди опција за интеграција со огнено оружје од странско производство, пренесува интернет-порталот РГ.
Според конструкторите кои го развија овој систем, извршени се и практични тестирања во единиците на Тихоокеанската флота. Системот „Сервал“ особено се истакнал во уништување на минијатурни поморски цели на долги растојанија, каде што се покажал како супериорен во однос на стандардните показатели, пренесува порталот Marsonline.
Во текот на гаѓањата за уништување на неколку морски цели модулот со системот „Сервал“ потрошил три истрела, додека претходно беа потребни најмалку 20 куршуми за извршување на истата задача. Модулот е опремен со оптичко-електронски прибор со функција за жиростабилизација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче