„Автоматската пушка „Калашников“ АК-12 се позиционираше како нова платформа врз основа на која се планира изградба на современи модели на огнено оружје од различен калибар, како за стандардна воена намена, како и за цивилниот пазар. Првиот контингент од 8 илјади вакви пушки во рамките на големата државна одбранбена набавка влезе во стандардното вооружување на единиците на Централниот воен округ“, го пренесува интернет-порталот ТАСС соопштението на информативната служба на ЦВО.
Исто така се додава дека војниците на полигоните кои се наоѓаат во Самарската, Новосибирската и Челјабинската област и Алтајскиот крај, во близок временски период во пракса ќе ја применат новата автоматска пушка, пренесува порталот Marsonline.
Во Централниот воен округ истакнуваат дека новото оружје што го добиле има висок степен на ергономичност.
„Применетите технички решенија доведоа до зголемување на прецизноста на стрелбата, значително е подобрена и отпорноста на пушечната цевка, а во производството на автоматската пушка е применета нова технологија“, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Автоматската пушка АК-12 е конструирана со цел замена на стандардната АП АК-74 и модификациите направени врз основа на оваа пушка. Падобранските единици во средината на април оваа година први ја добија новата АК-12.
Централниот воен округ-ЦВО ги опфаќа оперативните воени единици од сите видови и родови лоцирани на подрачјето на Сибирскиот, Уралскиот и Приволшкиот федерален округ (површина од околу 7,06 милиони км2), освен единиците на Ракетните сили за стратешка намена. Командата на ЦВО се наоѓа во Екатеринбург. Во неговиот состав се наоѓаат копнени сили кои се состојат од две комбинирани армии. Тука се наоѓаат и две бригади на Воздушно-десантните сили, како и две специјални бригади од составот на СпН ГУ. Воздушно-космичките сили се претставени од страна на 14 армија на ВВС и ПВО.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче