Видеоклипот со споредбата на двете автоматски пушки го објави концернот „Калашников“. Специјалистот на компанијата и мајстор во практично стрелаштво од светска класа Георгиј Хубич многу сликовито објасни во што е разликата меѓу навидум потполно истите автоматски пушки, пренесува порталот Marsonline.
Најголемите разлики се наоѓаат на десната страна на оружјето. Кај воената верзија на автоматската пушка АК-12 и нејзиниот цивилен „близнак“ TR3 значително се разликува регулаторот на стрелбата, поточно неговиот механизам.
Воената верзија на автоматската пушка АК-12 има дури четири функции/степени на оружјето кои се прилагодуваат со регулаторот на стрелбата:
Цивилната верзија TR3 има само две функции на регулаторот на стрелбата, а тоа се:
Кај цивилната верзија на автоматската пушка TR3 е присутна уште една карактеристична разлика во однос на АК-12, а тоа е тастерот со кој се блокира оската на телескопскиот кундак. Тој не дозволува пушката со помош на механизмот за регулација на стрелбата да се откочи додека кундак е во склоплива/маршевска положба.
На левата страна измените се сведуваат на типот на обележување на воената и цивилната верзија на новата пушка на концернот „Калашников“. Кај воената верзија на АП АК-12 е врежан натписот 6П70, додека кај цивилниот карабин се наоѓа официјалното лого на производителот на пушката, нејзината ознака TR3 и натпис Made in Russia.
Полуавтоматската пушка TR3 првпат беше претставена 2017 година. Нејзиното сериско производство започна оваа година. Оружјето е максимално унифицирано со воената верзија на АП АК-12 и визуелно практично и да не постојат разлики помеѓу овие две пушки. Можевте да ги прочитате разликите во горниот дел на текстот. Самата пушка ќе се произведува во два калибра: 5,45 мм и 7,62 мм.
Капацитетот на рамката ќе биде 10 куршуми. На врвот на цевката е ставен компензатор на трзајот со назабен врв, како и „Пикатини“ шини за закачување на голем број тактички додатоци, вклучувајќи и рефлексни и оптички нишани. Оваа шина се наоѓа и на горниот дел на капакот на затворачот. Новите рамки се делумно проѕирни, што овозможува визуелна контрола на количината на преостанатата муниција од страна на стрелецот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче