„Калашников“ АК-12
TASS„Првата партија од 2500 автоматски пушки АК-12 концернот „Калашников“ на 20 декември му ја достави на Министерството за одбрана на Русија. Тоа е првиот нарачател кому концернот „Калашников“ му ги испорача најновите автомати“, се вели во соопштението за јавност.
Претходно беше соопштено дека Министерството за одбрана на РФ ги прифатило автоматите АК-12 и АК-15 кои концернот „Калашников“ ги направи како дел од најмодерната воена опрема „Ратник“.
Комплетот „Ратник“ (борбена опрема од втора генерација) опфаќа современо стрелечко оружје, ефикасни заштитни комплети и средства за извидување и врска – вкупно десетина различни потсистеми.
Автомат АК-12 со калибар 5,45 мм и полуавтоматска пушка со мазна цевка „Сајга 12“ (модел 340 со калибар 12 мм) на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2015“ во Кубинка.
Александар Вилф/SputnikСе очекува дека до 2020 година овој комплет ќе го имаат сите копнени трупи на руската армија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче