„Да, во прашање се нови крстосувачки ракети. Оваа година планираме почеток на нивното сериско производство и комплетирање на првиот контингент за потребите на Министерството за одбрана. Станува збор за зделка која ќе ни обезбеди стабилна иднина во годините што доаѓаат“, ги пренесува зборовите на Соловјов интернет-порталот РИА „Новости“, повикувајќи се на извор од весникот „Встреча“.
Според првиот човек на компанијата, која инаку е специјализирана за производство на воздухопловни ракети, тоа нема да биде нивниот единствен производ кој наидува на голем интерес кај руското Министерство за одбрана, пренесува порталот Marsonline. Оваа компанија многу успешно работи и со останатите субјекти на руската воена индустрија кои се занимаваат со производство на најсовремена борбена техника. Тоа е особено индикативно со руските гиганти од авионската индустрија („Сухој“ и „МиГ“), за кои се прават посебни елементи на опремата на современото воздухопловство, како што се системите за противелектронска борба и системите за полнење гориво во воздух.
Претходно во март оваа година првиот човек на Министерството за одбрана на РФ изјави дека во последните шест години Русија за дури 30 пати ги зголемила крстосувачките ракети со висока прецизност.
Конкретно, што се однесува до новата ракета која е предмет на овој текст, се претпоставува дека се работи за моделот Х-32. Нејзината основна намена е борба против големи површински бродови на условниот непријател. Оваа ракета претставува длабока модернизација на ракетата Х-22 која претставуваше основно ударно ракетно вооружување на авионите Т-22М. Новата Х-32 во однос на својот претходник е значително помала, опремена е со нов тип на мотор, а особено се работеше на зголемување на способноста на ракетата да ја совлада противракетната одбрана на непријателот која е засилена со системи за противелектронска борба. Зголемен е и нејзиниот максимален дострел, кој сега изнесува 1000 км.
Особено интересна е нејзината брзина на летање која се наоѓа на границата на хиперсоничноста. Претпоставката е дека новите модели на ракетата можат да достигнат брзина од 4,6 маха, што претставува исклучително тешка задача за пресретнување со американските бродски противракетни системи Aegis.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче