Ту-95МС со крстосувачки ракети Х-101
СкриншотВо Русија почна масовно производство на уреди за радарско-електронски дејства кои се монтираат на крстосувачки ракети. Ова го соопштуваат руските медиуми, повикувајќи се на претставникот на концернот „Радарскоелектронски технологии“, Владимир Михеев.
„Денес нашите крстосувачки ракети имаат одбранбен систем со полн спектар, што е важно, затоа што таквите стратешки оружја мораат добро да се штитат. Овие системи ги поминаа сите тестови и веќе се во масовно производство“, изјави тој.
Михеев рече дека системите за електронска одбрана првенствено се монтирани на ракетите Х-101.
На 31 октомври беше соопштено дека руските системи за електронски дејствија „Самарканд“ се способни за целосна парализа на командните системи на НАТО, и тоа со минимални буџетски трошоци. Задачата на овие системи е емитување на пречки и попречување на непријателските комуникации.
Предноста на руските средства за електронско војување над американските повеќе пати веќе ја забележаа и западните стручњаци. Според аналитичарот Семјуел Бендета од американскиот Центар за поморски анализи, руските системи се „зрели технологии кои продолжуваат да еволуираат и по распадот на Советскиот Сојуз“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче