Јапонците за С-400 „Триумф“: Руските конструктори работат на нова ракета со дострел од 500 км?

Сергеј Малгавко/Sputnik
Јапонскиот медиум Jbpress објави текст во кој се зборува за сите предности на рускиот ПВО-систем С-400. Тој се карактеризира со големиот дострел и способноста за примена на различни типови ракети, што го прави во моментов најдобриот ПВО-систем во светот. „Триумфите“ се во полна борбена готовност распоредени на рускиот Далечен Исток и Кина.

Рускиот ракетен систем С-400 „Триумф“ во основната конфигурација се состои од радарот за набљудување со голем домет, команден пункт, нишански радар и транспортно-лансирни единици. Исто така, во состав на комплексот се наоѓаат логистички машини за полнење на ракетите, електростаница и друга помошна опрема. Комплетната техника е распоредена на мобилни платформи на тркала, пренесува

интернет-порталот „Бог-рата“.

Се претпоставува дека набљудувачкиот радар што се наоѓа во склоп на комплексот може истовремено да следи околу 80 цели и да ги наведе ракетите врз нив. Денес, тоа е најмодерниот ракетен систем за ПВО во светот, пишува авторот на овој текст Џон Китамура.

Единиците за лансирање во состав на комплексот можат да користат неколку типови ракети од класата „земја-воздух“, наменети за различни типови на цели. Ракетата 40Н6 е нов проектил со голем радиус на дејство, со чија помош можат да се соборуваат балистички ракети со среден дострел. Има информации дека руските ракетни конструктори развиваат нов тип на ракета за системот С-400, кој ќе биде во можност да соборува цели на растојание и до 500 километри.

Една батерија на ракетниот систем С-400 се состои од четири транспортни-лансирни единици со по четири ракети во секоја од нив. Две батерии формираат дивизион, а два дивизиона ракетен полк. Нишанскиот радар, со чија помош ракетите се наведуваат врз целта, може истовремено да ја координира работата на 12 транспортно-лансирни единици или 48 ракети.

Со распоредување на ракетниот полкови опремени со системи С-400 на границите на Источна Европа, во Сирија и на Далечниот Исток, формиран е непробоен бедем за воените воздухопловства на потенцијалниот непријател и тоа од Средоземното Море па сѐ до Арктикот. С-400 го покрива и Владивосток, каде што се наоѓа главниот штаб на Тихоокеанската флота. Исто така, со овие системи се значително зајакнати источните руски граници како контратежа на американската авијација која може да се појави од правец на Јапонското Море.

Прочитајте повеќе: Сè што е потребно да знаете за системот С-400 „Триумф“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња