Научници од Русија развија нова технологија за барање дијаманти

АЛРОСА
Научниците на компанијата „Диамант“ од Дубна дојдоа до револуционерно откритие во сферата на трагање по наоѓалишта на руда. Нивната метода е заснована на обележани неутрони кои можат да го „проверат“ предметот однатре.

Главниот геолог на филијалата на рударско-металуршката компанија „Норилски Никел“ над Поларниот круг Јуриј Ахмадеев соопшти дека во најскоро време ќе биде овозможено значително зголемување на обемот на извадена руда благодарение на новиот уред што го измислила компанијата. Тој уред открива наоѓалишта на дијаманти во карпите без кршење и дробење на каменот, како и без другите дополнителни операции кои се вообичаени при трагањето по оваа руда.

Со помош на обележани неутрони стручњаците ги осветлуваат предметите за кои претпоставуваат дека содржат дијаманти. Податоците се пренесуваат до компјутер каде што детално се анализираат и резултатите се прикажуваат на екранот. Честиците се прилагодуваат така што го откриваат програмираниот материјал. За анализа на парче карпа се доволни 2-3 секунди.

Во моментов стручњаците на институтот вршат тестирање на уредот и резултатите се мошне охрабрувачки.

Новиот изум ќе придонесе за откривање на дијаманти, но и на други руди. Соработниците на компанијата „Норилски никел“ изразија интерес за соработка, бидејќи овој уред нуди големи перспективи во иднина. Тој може значително да го заштеди времето што се троши на анализа на карпите, а со самото тоа и да го зголеми нивото на експлоатација на руда.

Погледнете го видеото: Огромен рудник во „дијамантската престолнина“ на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња