Руската армија изврши уште едно тестирање на хиперсоничната ракета-пресретнувач (ВИДЕО)

Слободан Ѓукиќ
Воздушно-космичките сили (ВКС) извршија уште едно тестирање на новата ракета-пресретнувач на полигонот Сари-Шаган во Казахстан.

„Новата ракета-пресретнувач по серијата тестирања во целост ги потврди тактичко-техничките перформанси кои ги гарантира нејзиниот производител и успешно ја реализираше задачата да уништи условна цел со висока прецизност“, беше речено во руското Министерство за одбрана при прикажувањето на видеоматеријалот на кој се гледа најновото тестирање.

Системот за противракетна одбрана се наоѓа во вооружувањето на единиците на ВКС и е наменет за одбрана на територијата од напади со убојни средства кои можат да дојдат од вселената, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Неодамна беше соопштено дека во Русија започнал проект за изработка на хиперсонична ракета-мамка, која меѓу другото ќе служи како ефикасно средство за увежбување на посадите на новите ракетни системи за ПРО. Се работи за проектот „Гвоздика“, а неговите летечко-технички карактеристики треба да започната веќе есенва.

Во мај оваа година претседателот на Руската Федерација Владимир Путин изјави дека Русија мора да развие соодветни системи за одбрана од напади со хиперсонично оружје, пред другите земји да го сторат тоа. Во таа прилика, тој прецизираше дека во овој момент, никој друг освен Русија не поседува хиперсонично оружје.

Прочитајте повеќе: Путин: Русија пред другите треба да развие системи за заштита од хиперсонично оружје

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња