„Калашников“ работи над хиперсонична ракета-имитатор за увежбување на посадите на системите С-500?

Министерство за одбрана на РФ
Компаниите кои влегуваат во состав на концернот „Калашников“ почнаа да работат на развој на нова ракета-имитатор „Гвоздика“ која ќе симулира напад на перспективна ракета што се движи со хиперсонична брзина. Во овој момент интензивно се работи на конструирање на експериментален модел, чие активно тестирање се очекува веќе од почетокот на есента оваа година.

Специјалистите на НПО „Молнија“ и концернот „Калашников“ работат на конструкција на ракетата-имитатор од нова генерација „Гвоздика“. Овој проект ќе оспособување на специјалистите од противвоздухопловната и противракетната одбрана за одбрана на стратешките објекти на хиперсонично ударно оружје“, рекоа луѓето од концернот „Калашников“, кои со своите производи учествуваше на меѓународниот воено-технички саем на оружје и воена опрема „Армија-2019“.

„Во моментов работиме на изработка на опитен модел на оваа ракета, а почетокот на практичните тестирања планираме да ги започнеме наесен“, најавија луѓето од концернот за интернет-порталот РИА „Новости“.

Неодамна генералниот директор на претпријатието НПО „Молнија“ (инаку овој субјект на руската наменска индустрија влегува во групата компании „Калашников“) Олга Соколова во интервју за РИА „Новости“ изјави дека нејзините инженери работат на опитно-конструкторски проект за развој на ракета-имитатор од нова генерација. Според неа, наближува повлекувањето од употреба на фамилијата сегашни ракети-митатори „Стриж“ во единиците на руската армија. Новата ракета „Гвоздика“ ќе може верно да ги имитира перспективните средства за воздушен напад.

Во мај оваа година претседателот на Руската Федерација Владимир Путин изјави дека Русија мора да развие соодветни системи за одбрана од напади со хиперсонично оружје, пред другите земји да го сторат тоа. Во таа прилика, тој прецизираше дека во овој момент, никој друг освен Русија не поседува хиперсонично оружје.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња