Рускиот невромобил се тестира во пробни возења

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Деновиве јавноста дозна дека група руски научници направила невромобил за луѓе со ограничени можности. Автори на проектот се инженерите од Нижненовгородскиот државен универзитет „Лобачевски“.

Во автомобилот се користат разни сензори, се зема предвид активноста на мозокот на возачот, како и движењата на неговата глава, очите, рацете, нозете и јазикот. Сите добиени податоци се прикажуваат на предниот ветробран или на екран чувствителен на допир.

За управување со овој автомобил е потребно да се облече специјален костим со електронски сензори.

Невромобилот развива максимална брзина од 60 км/ч. Веќе се организираат пробни возења во рамките на тестирањето на прототипот. Во Толјати ќе биде изградена фабрика за производство на овие возила. Првите примероци ќе се појават во продажба 2022 година.

Прочитајте повеќе: Доволно е да помислите и тој вози: Руски „невромобил” за три години влегува во сериско производство