Русија сериски произведува систем за управување со гаџети со моќта на мислите

„НейроЧат“
Уредот го доби називот „Неврочет“.

Рускиот систем „Неврочет“(НейроЧат), кој овозможува управување со уреди и конектирање на интернет со помош на мислите, оваа година е пуштен во сериско производство. Ова во вторникот го соопшти генералниот директор и раководител на проектот „Неврочет“ Наталија Галкина за време на промоцијата на овој систем во Самара.

„Неврочет“ функционира врз основа на технологијата „мозок-компјутер-интерфејс“, што значи дека пациентот со моќта на мислата избира одреден симбол на екранот, управува со надворешни уреди и се поврзува на интернет. Овој апарат е наменет за пациенти со церебрална артериосклероза, хронична мозочна исхемија, старечка астенија и други болести кои ги ограничуваат говорот и движењата. Тој ќе им дозволи да комуницираат со луѓето со помош на мислите.

„Оваа година „Неврочет“ е пуштен во сериско производство во нашата земја. Цената на комплетот е 120000 рубли, но производителот и Министерството за здравство ветуваат дека на пациентите ќе им биде обезбедена компензација за набавката на уредот“, рече Галкина.

Според податоците што ги изнесе таа, 85% од системот се состои од руски делови. Во моментов се тестира влијанието на уредот „Неврочет“ врз рехабилитацијата на пациентите. „Засега се обидуваме да сфатиме дали системот покажува рехабилитациски својства, иако уште сега околу 160 пациенти ширум Русија го користат во здравствените установи. Се разбира, постојат слични уреди, но тоа е болничка опрема, а „Неврочет“ е кориснички уред кој може да се применува во домашни услови“, вели Галкина.

Производителот планира во 2019 година во Русија да продаде над 200 комплети од оваа опрема.

„Неврочет“ е еден од првите проекти финансирани во рамките на проектот Национална технолошка иницијатива, т.е. државната програма за формирање на принципиелно нови пазари и создавање услови за глобално технолошко првенство на Русија. Во работата над овој систем учествуваа математичари, инженери, програмери и биолози.

Прочитајте повеќе: Доволно е да помислите и тој вози: Руски „невромобил” за три години влегува во сериско производство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња