„Со ненадејната проверка се опфатени околу 150 илјади војници, околу 500 борбени летала, повеќе од 20 илјади единици различно вооружување, борбена и специјална техника, 35 воени бродови и средства за логистика“, рече рускиот генерал на брифингот присуствуваа странските воени претставници кои се наоѓаат во Москва.
Во оваа прилика генералот рече дека „контролните активности ќе траат од 24-28 јуни. Во овој период, единиците на Централниот воен округ (ЦВО) ќе изведат повеќе од 50 воени вежби од различен формат. За таа цел ќе бидат употребени повеќе од 35 воени полигони“, рече Илин, пренесува интернет-порталот Marsonline.
Според него, „во текот на масовната проверка ќе бидат решавани задачи за засилено обезбедување на најважните државни и воени објекти, ангажирани единици сили за противвоздухопловна одбрана, извршувани активности за пресекување на терористички активности, како и ликвидација на нелегални вооружени групи“.
Овој тип на ненадејна и масовна проверка ја потврди својата ефикасност, и таквите активности ќе продолжат и во иднина. „На овој начин ние ефикасно ја зголемуваме борбената готовност на нашите вооружени сили. Ваквите инспекции од широк опсег веќе заживеаја во нашата армија и флотата и како такви ќе бидат продолжени“, изјави рускиот генерал.
Тој ги информираше странските воени претставници дека целиот комплекс на овие активности има за цел да ја провери реалната борбена способност на руските вооружени сили да го обезбедат Централно-Азискиот регион од потенцијална терористичка опасност, а исто така и да го проверат нивото на борбена готовност на единиците на ЦВО за учество во претстојните воени вежби од стратешки карактер „Центар-2019“.
Според сценариото на оваа проверка, во понеделник, 24 јуни, од 06:00 часот во полна борбена готовност се ставени органите на воената команда на ЦВО, делови од единиците на Јужниот и Источниот воен округ, како и самостојните формации на Воздушно-десантните сили, оперативно-стратешката и воено-транспортната авијација.
По повод оваа активност се јави и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој го информираше раководниот состав на Министерството за одбрана на РФ дека по наредба на Врховниот командант на руската армија Владимир Путин од 24 јуни оваа година почна ненадејната проверка на единиците на Централниот воен округ која ќе трае до 28 јуни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче