Актуелно: Сергеј Шојгу најави усвојување на борбени ласери во вооружувањето на руската армија

Слободан Ѓукиќ
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека руската армија во близок временски период ќе усвои во вооружувањето нови типови борбена техника чии својства се базирани на употреба на ласерска енергија, како и нови модели на хиперсонично оружје.

Како што пренесува интернет-порталот ТАСС, рускиот министер за одбрана изјави дека новите модели на оружје веќе се наоѓаат на опитно-боево дежурство во единиците на руската армија.

„Во блиска перспектива армијата и флотата ќе усвојат потполно нови видови вооружување, кои немаат адекватни пандани, а кои се базирани на технологија на хиперзвук и ласерска енергија. Првите модели на ова вооружување се ставени на опитно-боево дежурство“- рече рускиот министер за одбрана, пренесува РТ.

Во мај оваа година претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на состанокот со водечките луѓе од рускиот воено-индустриски комплекс и највисоките офицери на руската армија изјави дека оружјето кое се базира на различни физички принципи ќе го одреди борбениот потенцијал на руската армија во наредните децении.

Прочитајте повеќе: Во блиска иднина Русија ќе има хиперсонично оружје какво што нема никој

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња