Неодамна во неколку наврати беше соопштено дека многу руски компании работат на нови пиштоли кои ќе го заменат познатиот ПМ-Макаров, но и тоа дека снајперската пушка СВД е веќе одамна застарена, како и дека ѝ треба итна замена во вид на ново снајперско оружје.
„Се разбира дека со текот на времето ова оружје ќе биде повлечено од употреба. Ако зборуваме за снајперската пушка СВД, тогаш од сите верзии кои се создадени врз база на неа, најдобриот нејзин основен модел е првиот модел. Верзиите што се појавија подоцна беа сѐ полоши и полоши. СВД е едноставно ремек-дело и таа уште долго време ќе биде многу употреблива. Што се однесува до пиштолот ПМ-Макаров, тој исто така има потенцијал да остане уште долго во службена употреба, така што не гледам потреба да се менува. Се поставува прашањето дали воопшто вреди да се трошат пари за да војската се опреми со нов пиштол?“, се прашува на крај генералниот директор Злобин за интернет-порталот РИА „Новости“.
Одговарајќи на поставеното прашање околу целисходноста на откажувањето од муницијата со калибар 5,45 мм, првиот човек на компанијата „Промтехнологија“ рече дека куршумот со калибар 7,62 мм нема некоја клучна предност во однос на последните модели на муницијата произведена во калибар 5,45 мм.
„Дискусијата на тема дефинитивно преминување на куршумот 7.62х39 не е почната од вчера. На оваа тема одамна се зборува. Тешко е сега да се процени дали армијата ќе се одлучи на овој чекор. Степенот на индивидуална балистичка заштита на војникот расте, така што јас не гледам некоја значителна предност на куршумот со калибар 7,62 мм во однос на современите модели на муниција со кал. 5,45 мм. Точно е дека муницијата со поголем калибар (во овој случај се мисли на куршумот 7,62х39 – заб. на прев.) се однесува постабилни на својата траекторија, но тука постојат и минуси кои се однесуваат на обемот на стандардниот борбен комплет, кој со оваа муниција е помал. Во секој случај, точка на овој случај на крајот ќе стави руското Министерство за одбрана“, рече првиот човек на компанијата „Промтехнологија“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче