Погледнете како руски ловец Су-27 пресретнува два авиона на НАТО во Балтичкото море (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Операцијата помина без инциденти, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

На снимката, направена од рускиот ловец, може да се види како Су-27 пресретнува шведски извидувачки авион Gulfstream, а потоа и американски RC-135. Настанот е забележан во Балтичкото море. Рускиот ловец ги идентификуваше овие две летала, а потоа ги „испрати“ согласно меѓународните правила, пренесува РГ. Рускиот весник истакнува дека Су-27 ја постигнал својата основна цел за само неколку секунди.