Акција над Балтикот: Авиони-ловци Су-27 пресретнаа НАТО-извидувачи RC-135 и Gulfstream

„Бог-рата“
Овие два извидувачки авиони се лоцирани во близина на границата со Руската Федерација. Веднаш е испратена дежурна група ловци-пресретнувачи Су-27 кои извршија контакт со овие авиони и ги насочија во правец во кој не можеа да го повредат рускиот воздушен простор.

Авиони-ловци Су-27 на 10 јуни извршија пресретнување на два извидувачки авиона од составот на ВВ на САД и ВВ на Шведска во близина на поморската граница над Балтичкото море, каде што деновиве се одржуваат воени вежби на НАТО. Притоа тие им се приближија на откриените авиони и ги натераа да го сменат курсот на својот лет за да не го повредат воздушниот простор на Руската Федерација. За овој настан се јави и руското Министерство за одбрана, пренесува порталот „Бог-рата“. 

„Во понеделникот, 10 јуни, средствата за контрола на воздушниот простор над неутралните води на Балтичкото Море открија две летала кои се приближуваа до државната граница на Руската Федерација. За изведување пресретнување на овие летала е ангажирана ловечко-пресретнувачка група составена од авиони Су-27, која се наоѓа во состав на дежурната ескадрила на ПВО на Балтичката флота. Руските пилоти им пристапија на откриените авиони на безбедно растојание и извршија нивна идентификација. Се работеше за извидувачки летала RC-135 на ВВ на САД и Gulfstream на ВВ на Шведска“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на РФ што го пренесува интернет-порталот ТАСС.

Според изворите на военото министерство, пилот на авион Су-27 извел рутински маневар за спроведување на откриените авиони, не дозволувајќи им да му се приближат на воздушниот простор на Руската Федерација. „Оваа акција на руските авиони е изведена согласно меѓународните правила за користење на воздушниот простор“, се наведува во соопштението.

Воената вежба Baltops-2019 се изведува во периодот 9-21 јуни во јужниот дел на Балтичкото Море. Во неа учествуваат околу 40 бродови од различна класа, вклучувајќи и подморници, како и околу 40 борбени летала од 18 држави. За прв пат е планирано учество и на борбени бродови на 2. флота на ВМ на САД. Со комплетната вежба раководи командата на 6. флота на ВМ на САД која е сместена на командниот брод Mount Whitney, кој во водите на Балтичкото море вплови на 30 мај оваа година.

Неодамна од Министерството за одбрана на РФ соопштија дека единиците на Балтичката флота ќе ги преземат сите неопходни мерки за следење на активностите на силите на НАТО во близина на руската државна граница. Во таа смисла е забележливо ангажирањето на руски површински воени бродови, како и подморници во реоните каде што се одржуваат овие вежби. Тука се наоѓаат и дежурни ескадрили на морнаричката авијација, а покачена е и готовноста на единиците вооружени со мобилниот крајбрежен противбродски ракетен комплекс „Бастион“.

Прочитајте повеќе: Американски експерти загрижени од повторното активирање на ракетниот комплекс „Утјос“ на Крим

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња