Модернизираниот повеќецевен ракетен лансер 9К51М „Торнадо-Г“ кал. 122 мм
ВикипедијаПроектилите со калибар 122 мм можат сериозно да оштетат и амфибиски средства, како и десантни бродови со кои се транспортира морнаричката пешадија, пренесува интернет-порталот РГ.
Овој комплекс влезе во советското вооружување уште во 1980 година. Основната задача на ДП-62 „Дамба“ е обезбедување на поморски воени бази, но исто така и на делови од брегот на оперативните делови на фронтот.
Береговой противодиверсионный комплекс ДП-62 "Дамба" на базе РСЗО "Град". Фото: new_militarycolumnist pic.twitter.com/LzhwRjZs4g
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) 11 June 2019
Лансирната единица БМ-21ПД е способна да реализира огнен удар во два режима на работа: во автономен, или со помош на хидроакустична станица. Полнењето на лансерот се врши рачно од земја (проектили ПРС-60 во сандаци) или со помош на транспортно возило, опремено со наменски полици во кои се наоѓаат убојните средства. Транспортното возило е способно да превезува до 40 вакви проектили.
Самиот проектил ја носи ознаката ПРС-60. Тој е во состојба да уништи многу мали диверзантски подморници кои се движат на длабочини од 3-200 метри. Ефективниот дострел на овие проектили е до 6000 метри. Покрај тоа, овој проектил има способност да уништи непријателски подводни диверзанти. Со таа цел, ПРС-60 е опремен со специјална боева глава.
При огнениот бран кој во себе содржи половина од убојниот капацитет (до 20 проектили ПРС-60), веројатноста за уништување на еден или група непријателски диверзанти изнесува 99%.
Интересно е да се истакне дека руските конструктори врз основа на ова возило направија и извозна модификации која се наоѓа на товарни камиони Урал-375Д. Оваа модификација ја здогледа светлината на денот 1998 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче