Терористичките групи на „Џабхат ан-Нусра“ (организација забранета на територијата на РФ), извршија ракетен напад врз воздухопловната база „Хмејмим“ во Сирија со употреба на повеќецевни ракетни лансери. Според пишувањето на интернет-порталот ТАСС, кој се повикува на извори во руското Министерството за одбрана, единиците за ПВО кои ја штитат базата успеале да го одбијат овој напад. Огнената позиција од која е изведен нападот за многу краток временски период е уништена, пренесува порталот „Бог-рата“.
„Во неделата, 19 мај, терористите од организацијата „Џабхат ан-Нусра“ изведоа напад врз руската воена база „Хмејмим“ со помош на повеќецевен ракетен лансер. Околу 20 часот по локално време, од територија која се наоѓа во зоната на деескалација се истрелани вкупно шест ракети. Дежурните огнени позиции на ПВО го регистрираа овој напад и успешно ги пресретнаа сите тие проектили“, велат од Министерството за одбрана на РФ.
Од воениот ресор нагласуваат дека притоа не е нанесена никаква материјална штета во кругот на воената база „Хмејмим“, како и дека немало загуби во жива сила. Воената база продолжила да функционира во целосен обем.
„Руските средства за извидување го открија местото од каде што дејствуваше повеќецевниот ракетен лансер. Тој се наоѓаше малку позападно од населеното место Кафр-Нобл во провинцијата Идлиб. Со високопрецизен воздушен удар оваа огнена позиција е уништена“, соопштија од Министерството за одбрана на РФ.
Терористите истовремено употребиле и две ударни беспилотни летала кои се откриени североисточно од авиобазата „Хмејмим“. Врз нив дејствувала ПВО при што овие летала се соборени на безбедно растојание од базата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче