Поставен нов рекорд во руската армија: БРЭМ-80 со челични сајли влечеше половина тенковска чета

Youtube
На Институтот за оклопни возила кој се наоѓа во градот Омск, во чест на промоцијата на новата генерација млади офицери, беше претставен вештачки канал за обука на тенковски екипажи, кој според своите димензии е најголем во Русија. Притоа беше поставен и нов рекорд во влечење, кога БРЭМ-80 повлече група од дури седум тенкови со вкупна тежина од 315 тони.

Новиот канал е направен според најмодерните стандарди што се користат во руската армија и ќе служи за обука на тенковски екипажи кога е во прашање форсирање водена пречка, пренесува интернет-порталот РГ.

Оклопната ремотно-евакуациска машина-гасеничар БРЭМ-80, направена врз база на основниот борбен тенк Т-80, повлече седум тенкови со вкупна маса од 315 тони, што е најдобриот резултат кога било остварен во руската армија. Ова го соопшти информативната служба на руското Министерство за одбрана, а го пренесе интернет-порталот ТАСС.

Возилото БРЭМ-80 е наменето за евакуација на тешка оклопна борбена техника и нејзин ремонт во теренски/воени услови. Машината тешка 46 тони може да развие максимална брзина од 70 км/час. На неа има хидрауличен кран со носивост од 18 тони, како и булдожерски нож за расчистување различни пречки.

„Новоотворениот полигон со воден канал ќе им овозможи на тенковските екипажи реализација на обука со специфични елементи, вклучувајќи и евакуција на тешка борбена техника со техники на извлекување“, рече заменик-министерот за одбрана, генерал на армија Дмитриј Булгаков. Габаритите на вештачката водна пречка подразбираат должина од 120 метри, ширина од 70 метри и длабочина до 5 метри, што овозможува изведување комплекс на различни вежби на вода но и под вода. Конкретно, идните офицери токму на овој полигон ќе увежбуваат техника и тактика на совладување водени пречки со основни борбени тенкови и борбени возила на пешадијата, како и спасувачки операции.

Погледнете го видеото: Инженериските единици на руската армија во акција

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња