Како што соопшти прес-службата на рускиот воен ресор, историјата на инженеријата во руската војска почнува за време на воведувањето на регуларна војска во Русија, откако Петар Велики на 21 јануари 1701 година ги потпишува указите за основање на школа за воени инженери.
Фактот дека во војската улогата на инженерите станувала сѐ позначајна го условила нивното одвојување од артилеријата и формирање на посебен род на војска со сопствени органи за управување и сопствен центар за обука накадри, што е реализирано на почетокот на 19 век.
За време на Втората светска војна 969 инженериски единици добиваат државни одликувања и почесни називи, а 196 единици стануваат гардиски.
За покажаното јунаштво 655 воени инженери го добиваат орденот Херој на Советскиот Сојуз, а со Орден на Славата од трет степен се одликувани 294 инженери.
Основата на современите инженериски сили ја сочинуваат деминерската и понтонската бригада под централна команда, посебните инженериски бригади на воените окрузи и армиските инженериски деминерски полкови.
Во текот на последните неколку години уделот на најсовремено вооружување и опрема, вклучувајќи и роботизирани системи за различна намена, во инженериските сили е зголемен на 65%. Само минатата година руската инженерија доби 750 единици најсовремена инженериска техника.
На припадниците на руската воена инженерија празникот им го честиташе министерот за одбрана на Русија генерал Сергеј Шојгу.
Погледнете дел од работата на руските воени инженери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче