Конструкторот на тенкот Т-14 „Армата“ ќе прави тешка техника за обновата на Сирија

Уралвагонзавод
Руски трактори, багери и други инженериски машини ќе им помогнат на Сиријците да ги расчистат урнатините, обноват градовите и жнеат жито без да се плашат за своите животи.

Русија во текот на 2019 година ќе прави оклопно-инженериска техника за обновата на Сириската Арапска Република. Задачата да се даде адекватен „оклоп за цивили“ е поставена пред водечкиот домашен производител на тешки оклопни возила – „Уралвагонзавод“, кој ја направи и новата генерација на тенкови под ознаката Т-14 „Армата“.

Супертрактор и друго

Компанијата веќе разви проект на цела палета железничка и производствена опрема која ќе се користи при обновата и изградбата на разновидни деловни и станбени објекти. Притоа најинтересни и најнеобични меѓу нив се оклопните трактори Б10М2 и Б12 кои служат за чистење на урнатините и обработка на полињата.

Како што соопштија од компанијата за Russia Beyond - Македонија, тракторите се опремени со зајакнат камуфлажен оклоп за да можат слободно да работат на расчистување на теренот, дури и за време на природни катастрофи или гранатирање од страна на милитантите.

Новото возило го штити возачот од камења и дрва кои би можеле да паѓаат, како и од куршуми и шрапнели, при вршење на инженериски задачи во борбени услови или во тек на природни катастрофи.

За правење на оваа необична опрема компанијата ги ангажираше своите воени специјалисти кои користеле тешка техника во текот на борбите во Сирија и биле под оган на милитантите.

Така тракторите добија заштитни плочи доволно силни да издржат оган од сите типови на малокалибарско оружје кои ги поседуваат милитантите во регионот. Згора на тоа, производителот би можел да постави дополнителна заштита против антитенковски средства кои хипотетички би можеле да бидат употребени против овие инженериски возила.

Од каде потекнува идејата

Далеку од тоа дека Русија е пионер во производството на оклопни возила од овој тип. Прв на ова поле беше Израел, кој почна да прави возила за борба против терористите и заштита на цивилите уште на почетокот на деведесеттите години на минатиот век. Овие возила исто така се користени во улични борби за уништување на барикади и отстранување на урнатини.

Следејќи го примерот на Израелците, и други земји почнаа да експериментираат во овој правец, и тоа Кина, Јапонија, САД и Франција. Меѓутоа, руските машини фундаментално се разликуваат од наведените странски модели според принципот на модуларност кој ги карактеризира. На пример, блокот со оклопно стакло за кабината на руските трактори кој има маса од околу 35 килограми, може брзо да се замени на терен доколку е неопходно. За тоа време, странците н една од своите машини поставија дури четири блока армирано стакло, а некои од нив надминуваат сто килограми. Затоа е невозможно да се заменат на терен без употреба на кран.

Според очекувањата на „Уралвагонзавод“, нивните нови возила ќе бидат со висока побарувачка во многу земјоделски земји во кои се одвиваат воени операции.

Прочитајте повеќе: Русија планира производство на градежен материјал во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња