Германски магазин „Штерн“: Русите поседуваат ракета за „судниот ден“ која е најбрза на светот

Слободан Ѓукиќ
Германскиот магазин „Штерн (Stern) ја нарече новата руска ракета-пресретнувач ПРС-1М оружје кое ќе се примени во случај на војна меѓу нуклеарните суперсили. Нејзината основна функција е заштита на Москва и другите руски градови од тотално уништување.

Во магазинот се наведува дека Русија во однос на другите земји има очигледна предност кога е во прашање хиперсоничното оружје. Тоа ја става Русија на лидерската позиција во новата трка во вооружување, заклучуваат германските аналитичари.

„Руската ракета-пресретнувач е конструирана за борба против противнички ракети во случај на потенцијална нуклеарна војна“, наведува германскиот магазин, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“. Нејзината конкретна функција е уништување на нуклеарните боеви глави кои ги носат интерконтиненталните балистички ракети, со цел заштита на најголемите градови во Русија од тотално уништување.

Овој магазин ја класифицира ракетата-пресретнувач како најбрзата ракета на светот.

Германските новинари ја нарекоа ракетата-пресретнувач ПРС-1М оружје дизајнирано за „крајот на светот“. Таа ќе се примени во случаи на глобална нуклеарна катастрофа, која ќе ја уништи цивилизацијата што ја знаеме денес.

Ракетата-пресретнувач ПРС-1М се наоѓа во вооружувањето на системот за противракетна одбрана А-135 „Амур“¹. Првите тестирања на оваа ракета-пресретнувач беа спроведени во февруари минатата година. Нејзината основна карактеристика е неверојатното стартно забрзување и максималната брзина на летање која достигнува брзина од 14500 км/ч. Неодамна во медиумите се појави информација дека ракетата-пресретнувач ПРС-1М може да собори боеви блокови што ги носат интерконтиненталните балистички ракети на далечини поголеми од 100 км и висини до 50 км.

¹Системот за ПРО е предвиден за заштита на Москва и централниот индустриски регион од балистички ракети. Тој добива информација од радарскиот систем за рано откривање на ракетен напад „Дон-2М“, а исто така и од сателитската мрежа која се наоѓа во орбитата. За неутрализирање на евентуален напад се користат против ракети со мал и среден дострел сместени во ракетни силоси во Подмосковјето.

Прочитајте повеќе: Русите тестираа нова ракета-пресретнувач која ќе биде во состав на ПРО на ВКС (Видео)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња