Скриншот
Гаѓањето се вршеше од орудие калибар 130 мм на самоодните артилериски системи „Берег“. Како што соопштува информативната служба на Јужниот воен округ, дивизионите на мобилните крајбрежни противбродски системи „Бастион“ и „Берег“ изведоа марш на подрачјето на ’ртот Железни Рог и поставија ракетни лансери и артилерија на позиции. Потоа артилерците отворија оган врз морските цели кои имитираа брзи пловила на условен непријател на значително растојание од брегот.
Треба да се истакне дека артилерискиот систем на крајбрежната одбрана „Берег“ е единствениот артилериски систем на светот кој може да погоди бродови кои се движат со брзина од 100 јазли (185 км на час) со радиус на откривање од 35 километри и дострел од 22 километри.
Предностите на артилерискиот систем „Берег“ се големиот калибар, високиот степен на универзалност, како во однос на целите така и во однос на применливите проектили, како и изборот на борбен режим и големата брзина на огнот. Покрај тоа, „Берег“ може да гаѓа и копнени цели. Истовремено може да следи 4 цели.
Овој мобилен систем на крајбрежна артилерија руската армија го поседува во својот арсенал од 2003 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче