Камерата првпат влезе во внатрешноста на новиот ракетоносец Ту-22М3М (ВИДЕО)

Sputnik
На интернет ресурсите се појави видеоматеријал на кој се гледа внатрешноста на новиот стратешки ракетоносец Ту-22М3М. Камерата првпат ги сними резервоарите на „големата птица“, а исто така и спремниците во кои се наоѓа вооружувањето по кое овој авион и го доби името „ракетоносец“.

Овие кадри се снимени во Казанскиот воздухопловен завод, каде што се произведуваат новите авиони, пренесува интернет-порталот РГ. Тука на делот може да се види како претходната верзија на авионот Ту-22М се претвора во моќен бомбардер од новата генерација. Кадри од мотогондолата каде што се наоѓаат моторите и во која е можно да се стои исправено, потоа резервоарите со капацитет од 10 тони и отсекот со вооружуваето се појавија во видеоклипот што го направи ТВ-каналот „Ѕвезда“.

Во внатрешноста на авионот кој е долг 42 метри, видлив е цел комплекс сензори за пожарна сигнализација кои ги има повеќе од 100. Долж внатрешните ѕидови на трупот на авионот е забележлива мрежа од различни инсталациски цевководи. Црвените ги поврзуваат системите за гасење пожар, додека зелените управуваат со хидрауликата на опашката на авионот. Заедно со нив се гледаат и каблите кои служат за управување со млазните мотори. Покрај големите резервоари, практично сите соодветни делови на трупот на авионот се исполнети со гориво. Тоа воопшто не е чудно ако се знае дека двата млазни мотори НК-32 (овие мотори исто така се наоѓаат на стратешкиот бомбардер Ту-160) во обичен режим на работа „трошат“ и до 24 тони керозин за лет од еден час. Кога авионот лета во режим на дополнително согорување на гориво или форсаж, тогаш оваа потрошувачка станува двојно поголема.

Вкупната запремнина на резервоарските системи на авионот Ту-22М3М изнесува 67 тони гориво. Една од клучните карактеристики на модернизираниот бомбардер е интеграцијата на системот за дополнување гориво во воздух. Овој систем во вид на метална шипка е вграден во носот на бомбардерот и се наоѓа во непосредна близина на стаклата на кокпитот зад кој се наоѓаат пилотите. Со ваквата техничка интервенција долетот на авионот сега исклучиво зависи од способноста на ангажираниот пилотски екипаж и од типот на борбената мисија.

Длабоко модернизираниот суперсоничен ракетоносец Ту-22М3М првпат полета кон крајот на 2018 година на аеродромот во Казањ, Руската Федерација. Кај него е реализирана толку многу обемна програма за модернизација, што може да се каже дека се потполно нов авион којшто не се разликува од своите претходници единствено по надворешниот дизајн кој повеќе или помалку остана ист. Авионот доби современи средства за навигација и врска, нов нишански комплекс за наведување најсовремени типови воздухопловни бомби и ракети (употреба на хиперсонични ракети „Кинжал“), како и комплетно нов електросистем.

Погледнете го фотоалбумот: Во Казањ претставен носачот на ракети со зголемени борбени можности Ту-22М3М

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња