Министерството за одбрана на РФ ги модернизира „авионите на Судниот ден“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Завршени се опитно-конструкторските работи за модернизација на воздушните командни пунктови врз база на авионите Ил-80 и Ил-82 и сега постојните авиони се модернизираат, соопшти заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко.

„Сега пристапивме кон модернизација на воздушните командни пунктови врз база на Ил-80 и Ил-82. Научно-производственото претпријатие „Полет“ ја предводи модернизацијата на системите за врска и управување во авионите и успешно ги заврши опитно-конструкторските работи во тој правец“, изјави Криворучко во текот на посетата на ова претпријатие, пренесува агенцијата РИА „Новости“.

Се истакнува дека во модернизацијата се менува само електрониката, по што Воздушно-космичкитте сили на Русија ќе ја добијат втората генерација воздушни командни пунктови, а третата генерација ќе биде направена врз база на авионот Ил-96-400.

Ил-80 е направен врз основа на патничкиот авион Ил-86. Тоа е исто така летечки команден пункт. Овај авион се вика уште и „авион на Судниот ден“ бидејќи е предвиден за управување со трупите во услови на нуклеарна војна. Ил-82 е ист таков команден воздушен контролен пункт, но направен врз база на моделот Ил-76.

Нов воздушен команден пункт ќе биде направен и врз база на хеликоптерот Ми-38, истакна Криворучко.

„Научно-производственото претпријатие „Полет“ се покажа како производител на сигурни авијациски системи за врска на различни нивоа. Планираме во текот на оваа година да започнеме заедно со компанијата „Полет“ нов проект - создавање воздушен команден пункт врз база на хеликоптерот Ми-38“, истакна рускиот заменик-министер.

Криворучко истакна дека „Полет“ пред рокот ќе му испорача на Министерството за одбрана на РФ различни системи за радиоврска и дека врши темелна модернизација на апаратурата во воздушниот команден пункт Ил-22М11 и авионот-репетитор Ту-142МР.

Се нагласува дека Mi-38 поседува многу високи летечко-технички карактеристики и сигурна конструкција. Има и многу економични мотори и напредна носечка конструкција, што му овозможува на хеликоптерот ефикасно да функционира во различни услови на експлоатација. Меѓу другото, тој може да лета и дење и ноќе во различни климатски услови.

Во 2016 година Министерството за одбрана доби воздушен команден пункт врз база на Ил-96-400, таканаречен „авион на Судниот ден“.

Прочитајте повеќе: Авион-апокалипса: пет факти за летачката тврдина