„Планови за модернизација на ВКМ и АР има и Генералштабот, и главната команда на Воздушно-космичките сили. Има задача за зголемување на постојната групација такви авиони и нејзино доведување до ниво на денешните барања. Индустријата е подготвена за решавање на таквата задача“, изјави Комјаков, пишува „Взгљад“.
Тој додаде дека Министерството за одбрана веќе изјавило желба да набави втор авион од таа генерација. „Тоа што зависи од нас, ние сме подготвени да го направиме, а Министерството разбира дека тоа е потребно“, истакна тој.
Претходно беше соопштено дека за Министерството за одбрана на Русија е создадено ВКМ за специјални намени од втора генерација врз база на авионот Ил-80.
Воздушните командни места беа наречени во САД „авиони на Судниот ден“ - Doomsday planes. Се претпоставува дека ќе бидат активни во случај на нуклеарна војна, ако копнените командни структури бидат уништени. Најпознати авиони од тој тип се американските E-4B, создадени врз база на Боинг-747, и руските Ил-80 врз база на Ил-86.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче