Најновиот јуришен авион Су-25СМ3 „Суперграч“ пристигна во Ставрополскиот крај

Владимир Тимкив/РИА „Новости“
Јуришната авијација на 4. армија на Военото воздухопловство и противвоздухопловната одбрана на РФ ги доби најновите ударни авиони Су-25СМ3 „Суперграч“. Ова во вторникот го соопшти информативната служба на Јужниот воен округ.

Новиот борбен авион леташе преку 800 км од фабриката во која е произведен до Ставрополскиот крај, каде што ќе го пополни арсеналот на 4. армија на Военото воздухопловство и противвоздухопловната одбрана.

Сега машината ја проверуваат стручњаците. Тие ќе ги подготват сите нејзини погонски уреди и механизмите за користење во различни услови.

Претходно во авијациската единица на 4. армија на ВВ и ПВО веќе пристигнаа три вакви летала. Сега Ставрополскиот крај има комплетна ескадрила најнови јуришни авиони.

Авионот Су-25СМ3 е модернизирана верзија на советскиот оклопен подзвучен јуришен авион Су-25 („Грач“), кој го изведе својот прв лет на 22 февруари 1975 година.

„Грач“ е користен во многу воени конфликти, вклучувајќи ги војните во Авганистан, Абхазија, Чеченија и Сирија.

Во процесот на модернизација надворешниот изглед на авионот не е променет, но затоа неговите можности се значително подобрени. Сега тој го има системот ГЛОНАСС, ласерски индикатор на нишанот и екран со податоци за состојбата на авионот.

„Суперграч“ може да истрелува ракети и фрла авионски бомби од огромна оддалеченост од целта, па дури и зад облаци.

Прочитајте повеќе: Паметен оклопен јуришник: Су-25СМ3 ќе биде целосно автоматизирана машина

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња