Путин: Русија пред другите треба да развие системи за заштита од хиперсонично оружје

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин на советувањето во врска со прашања од одбранбената индустрија изјави дека Русија пред другите земјите треба да направи средства за заштита од хиперсонично оружје.

Тој истакна дека токму системите за противракетна одбрана треба да бидат еден од перспективните правци на развој на воената индустрија. Средствата за противвоздухопловна одбрана на Русија, смета претседателот на Русија, ги потврдиле своите карактеристики во Сирија, пренесуваат медиумите

Путин додаде дека генерално една од најважните задачи за развој на воената индустрија е унапредувањето на нивото на контрола на воздушниот простор. Според мислењето на рускиот претседател, со време овој вид војска ќе има сѐ поголемо значење.  

Шефот на руската држава исто така бараше да добие извештај за резултатите од испитувањата на системот С-350 „Витез” кои беа завршени во март 2019 година.

Пентагон во март од Конгресот на САД бараше милијарди долари за модернизација на нуклеарното и развој на хиперсонично оружје. Претседателот на САД Доналд Трамп претходно изјави дека вложувањата во вооружувањата треба да се зголемат на 750 милијарди долари.

Прочитајте повеќе: Ласери на бојното поле: Руската армија неодамна го усвои „Пересвет“ во вооружувањето