„Снајперскиот комплекс „Точност“ нема да биде усвоен во вооружувањето на Министерството за одбрана, поточно нема да има набавка“, рече соговорникот на „Интерфакс“. Според неговите извори, замената на сите елементи од странско потекло кои се наоѓаат во пушката во моментов е нецелесообразно.
Неодамна бившиот генерален директор на „ЦНИИточмаш“ Дмитриј Семизоров изјави дека Министерството за одбрана на РФ по 2020 година планира да го усвои во вооружувањето новиот снајперски комплекс „Точност“. „Во Министерството за одбрана усвоија строги барања кои се поврзани со потребата за набавка на снајперско оружје кое ќе биде лишено од странски компоненти. Во овој момент се работи на комплетирање на опремата која ќе овозможи од 2020 година комплексот во целост да биде од домашно потекло“, изјави Семизоров за новинарите во април 2017 година.
Во меѓувреме оваа снајперска пушка во своето вооружување ја усвоија припадниците на Федералната служба за обезбедување, Росгвардија и Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Руските конструктори во овој момент работат на развој на перспективниот снајперски комплекс „Уголек“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче