Lada фузирана со „Корнети“: Руските падобранци добија нов комплекс за борба против тенкови

Виталиј В. Кузмин
Во близок временски период руските Воздушно-десантни единици ќе почнат добиваат високобилни ракетни системи кои се наоѓаат врз база на пикап автомобили Lada 4x4. Тие ќе имаат можност брзо да се транспортираат со помош на хеликоптери Ми-8/17 и Ми-26.

„Новиот самооден противтенковски ракетен комплекс ќе биде направен врз база на серискиот автомобил Lada 4x4. На него ќе биде инсталиран ракетниот систем „Корнет“ со неколку наведувани ракети кои ќе се наоѓаат во неговиот борбен комплет. Лансирната единица на системот „Корнет“ многу едноставно може да се монтира на овие возила. На овој начин огнената моќ и мобилноста на воздушно-десантните единици значително ќе порасне со минимални трошоци“, рече за ТАСС добро информиран извор во руската воената индустрија.

Притоа тој додаде дека предвидениот контингент теренци Lada, вооружени со ракети „Корнет“, веќе го завршил своето тестирање во рамките на единиците на ВДВ и одлично се покажал. Особено тоа се однесува на воената вежба од стратешки формат „Восток-2018“.

„Најважната карактеристика на овој комплекс е неговата висока мобилност. Самоодниот противтенковскски комплекс врз база на автомобилот Lada може да се транспортира во товарниот отсек на тешкиот транспортен хеликоптер Ми-26, како и на надворешните подвесни носачи на хеликоптерот Ми-8/17“, пренесува интернет-порталот РГ.

Базичната модификација на военото пикап возило Lada 4х4 со стелтна шасија и тежок митралез „Корд“ ќе биде прикажана на Парадата на Победата која на 9 мај ќе се одржи во Москва.

Прочитајте повеќе: Претставен блиндираниот „Есаул“ вооружен со противтенковски ракетен систем „Корнет“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња